Од денешната расправа по однос на интерпелацијата на Министерот за внатрешни Работи Панче Тошковски во Собранието, најнеубав впечаток ми остави хистеријата на пратеничката од Левица Јована (како и да се презиваше).
За млад човек како неа ваква хистерија која ја покажа на собраниската говорница зборува многу лошо од повеќе аспекти, но најважно дека никому не му е од прилог ваквото нејзино “левичарење”.
Домот на демократијата во минатото беше злоупотребуван на најразно-разни начини за политичка до кулминацијата со нереди која ја зацрни цела Македонија на 27 април 2017 година. Повторното подгревање на овие демони од минатото преку вакви ИСПАДИ како тој на пратеничката Јована за миг ги потсети граѓаните да внимаваат за какви ликови го даваат својот глас на изборите.
Наместо разум таа демонстрираше хаос, нервоза, иритација на сетилата до ниво на гадење.
Тоа не е начин за политичка борба.
Нема ништо посилно од силата на интелектуалниот збор кажан со суштина и вистинска тежина. Дрескањето од говорница не е тоа!
Ум во глави.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст