Мамут- сугерира на примордијално, примитивно, сурово а воедно силно и интензивно. Дет Метал бендот Мамут се токму тоа по стилот на нивниот музички израз. За себе велат дека потекнуваат од Македонија а нивна примарна цел е да ја освојат и доминираа метал сцената во нашата драва но и пошироко во меѓународни рамки. Полагаат голема надеж во музичката сцена во државата а пораката која сакаат да ја пренесат на својата публика извира од индивидуални чувства на горчина и тешкотии.
На овогогинешното девето издание на Рудар Рок Фест кој што ќе се одржи на 25 август во Пробиштип Мамут ќе имаат енергичен настап и незаборавна дет метал забава што е мотив плус и за најпребирливите љубители на тешкиот звук да го посетат овој легендарен фестивал кој е од редок вид на овие простори.
1. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Кои се Мамут? Потекло, географски простор, идеја за постоење, инспирација и ваш залог пред светот?
<<Мамут>> Мамут се примитивен Дет Метал бенд со мисија да го доминирет светот со нивниот Груверски Примитивен Звук.
Потекнуваме од Македонија
2. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Вие сте дел од новиот бран на рок музичари во Македонија кој се појави после 2020 година. Има ли енергија и набој за креирање но и консумирање на нова музика помеѓу музичарите и публиката од вашата генерација?
<<Мамут>> Мислам дека секогаш ќе има интерес во креирање и конзумирање музика, од страна на артистите секогаш ќе креираат од страна на љубов, а и публиката ќе консумира за да е дел од таа сцена
3. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Доаѓате од Охрид од каде што потекнуваат едни од (за некои) најчудните бендови во минатото на Македонската музичка сцена а за други прогресивци кои што своевремено беа пред времето. Колку за себеси сметате дека се дел од еден локален континуитет кој што се разликува од се друго во Македонија но и на Балканот?
<<Мамут>> Не верувам дека се разликуваме многу од другите бендови од музичка гледна точка. Повеќе се разликуваме во фактот дека се стремиме да ја победиме метал сцената, и појќе сме спремни да доминираме и да победиме. Во кратики црти сите други ни се конкуренција, и ние сакаме да победиме.
4. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Дали локалните карактеристики во кои што сте растеле индивидуално а сега како членови на Мамут сметате дека секоја локална заедница има сериозен удел во дефинирањето на вашиот музички правец и музичка филозофија која го храни со енергија Мамутот во вас?
<<Мамут>> Мислам дека тешкотиите што ги искусуваме во секојдневниот живот , скршено срце итн. има повеќе улога во музиката од колку локалната заедница. Тешкотијата не мотивира да станеме посилни и да не се предадеме, па затоа и ќе продолжиме да свириме и да се надградуваме.
5. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Кажете ни нешто повеќе за вашата досегашна музичка кариера? Изданија, позначајни настапи, концерти, соработки?
<<Мамут>> Видео спотот за Низ Пекол Рај е дефинитивно позначаен момент во однос со изданија, а за концерти дефинитивно се покажавме на Земјотрес фестивалот. Таа енергија што ја дадовме и ја добивме беше нешто што никогаш нема да се заборави.
6. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Дели суштината на Мамут е да ја таргетира публиката на микро ниво-секој поединец посебно, или пак станува за бенд кој што претпочита колективитет, општествено движење и трендови во музиката и животот?
<<Мамут>> Мислам дека побитнио ни е индивидуално човек да ни ја слуша музиката, и да осети мотивација да продолжи низ тешките моменти во нивниот живот. А нормално и тоа да биде на Макро ниво.
7. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Како дојде до комуникација за да настапите на овогодинашниот Рудар Рок Фест во Пробиштип?
<<Мамут>> Не контактира Александар.
8. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Што може публиката во Пробиштип да очекува од вас на 9-то издание на легендарниот Рудар Рок Фест?
<<Мамут>> Може да очекува голема Дет Метал забава со полна енергија и секако добра движечка примитивна музика
9. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Кога би можеле да бирате меѓу математика, физика или сликарство, поезија или филозофија, логика… што би избрале?
<<Мамут>> Секој член си има свое размислување во однос со тоа. Ама мислам дека колективно би избрале логика.
10. БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ: Каде се гледате во наредните 5 или 10 години како бенд?
<<Мамут>> Се гледаме на уште поголеми бини и фестивали, со убав број на албуми извадени, и секако со многу повеќе искуства
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше Интервју со Никола Кузелов (Сценарист и актер)
Наше Интервју со Ана Симонова- Професорка по Македонски јазик, библиотекарка, граѓански еко- активист и гласен борец за женски права
Наше Интервју со “Банда Инструментале”: СУПЕРХИКС е бенд кој го одржува цврстата волја, желбата, другарството, упорноста, решителноста!