БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наскоро ќе започне изградба на нова детска градинка во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани ќе добие средства за изградба на нов објект на локацијата во населбата Драчевиќ, во непосредна близина на социјалните станови. Станува збор за модерна градба, проектирана од словенечки архитект, експерт за детски градинки.

Одобрените средства се по апликацијата која Општина Кочани ја достави на првиот јавен повик од Министерството до општините за аплицирање за грант за креирање дополнителни места во предучилишните установи преку изградба на нови градинки и преку доградби и адаптации на постојни објекти. Скоро една година се работеше на измена на урбанистичкиот план, за да се добие маркица за детска градинка. Во наредниот период се очекува Министерството за труд и социјална политика да го објави јавниот повик за избор на изведувач, по што ќе започнат работите на терен.

Потребата од зголемување на капацитетот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ е изразена подолг период. Според директорката Едита Миткова, на листата на чекање се наоѓаат околу 200 деца, така што новиот објект е добредојден за Кочани. – информираат од општината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace