Градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски денеска преку социјалните мрежи најави нова голема инвестиција на компанијата Макпрогрес-Винчини во општината.
Станува збор за инвестиција од 8.5 милиони денари со која ќе е овозможи нови вработувања на 40 тина работници со релативно високи примања.
“Нова милионска инвестиција во Виница. ВИНЧИНИ отвора нова фабрика вредна 8,5 милиони евра.
На 8 јуни ќе присуствувам на свеченото отворање на новата фабрика за производство на вафли на компанијата ВИНЧИНИ – значајна инвестиција вредна 8,5 милиони евра која претставува уште еден силен поттик за економскиот развој на Општина Виница.
Во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претставници на Владата, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и бројни гости, официјално ќе биде пуштен во работа новиот производствен капацитет, реализиран за само шест месеци.
Новата фабрика располага со две современи производни линии, ќе отвори 40 нови работни места веднаш, а во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни вработувања. Со оваа инвестиција производствените капацитети на ВИНЧИНИ ќе се зголемат за 30 проценти.
Ова е одлична вест за Виница и за целиот регион. Секоја нова инвестиција значи нови можности за нашите сограѓани, нови работни места и посилна локална економија.
Горди сме што токму во нашата општина се реализираат проекти кои придонесуваат за развојот на македонската индустрија и создаваат перспектива за идните генерации.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Виница Митко Костадиновски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”