Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето интервју на Канал 5 ТВ зборуваше за повеќе жешки политички теми од интерес на јавноста.
На почетокот Николоски зборуваше околу потребата за одржување на Претседателски и парламентарни избори заедно образложувајки ги причините со точни и прецизни аргументи.
Како реална можност да не успеат претседателските избори поради лошиот рејтинг на СДСМ и ДУИ може да се случи овие партии да го бојкотираат вториот круг од претседателските избори со што нема да се постигне цензусот од 40%, па така еден од аргументите е и претседателските и парламентарните избори да се случат заедно. Дополнително на таков начин ќе се заштедат 8-10 милиони евра пари потребни за спроведување на еден изборен процес.
Според Николоски на ВМРО-ДПМНЕ не му одговара да ги бојкотира претседателските избори затоа што согласно рејтинзите кандидатот кој што ќе биде предложен од здружената опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има огромна предност пред кандидатот на СДСМ и ДУИ во првиот круг на изборите.
Целото интервју со Александар Николоски може да го проследите во видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор