БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Објавен конкурсот за општински стипендии за студиската 2023/24 година од страна на општина Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување 30 стипендии на студенти, жители на Кочани. По десет стипендии ќе бидат наменети за студенти кои постигнале висок успех во студирањето и за студенти од социјално загрозени семејства, пет за студенти од ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести и пет стипендии за студенти на факултетите за медицински науки. 

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести,  студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, градоначалникот може да ги додели на студентите од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа. 

Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 3 илјади денари, а се доделува за десет месеци. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како дефицитарни кадри за студиската 2023/2024 година, основ по кој кандидатите можат да добијат пет бода, се утврдени студентите на: Технолошки факултет,  Архитектонски, Градежен, Машински факултет и Текстилно инженерство.

Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на  Општина  Кочани или по пошта на адреса: Општина  Кочани, ул. „Раде  Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до 16 ноември 2023 г. или електронски преку апликацијата мЗаедница. Условите, критериумите за доделување на стипендиите, начинот и обрасците за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, kocani.gov.mk, како и на огласната табла пред општинската зграда.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace