Денеска претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводени од потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски остварија работна средба со претставници на германската сестринска партија ЦДУ предводени од заменик претседателот на парламентарната група во Бундестагот Јохан Вадефул.
За ваквата средба свое соопштение во јавноста сподели Потпретседателот Николоски:
” Средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.
Разговаравме за ситуацијата во Македонија, злоупотребата на европското знаменце кое стана пракса на оваа Влада од СДСМ и ДУИ како и за кршењето на собраниските процедури.
Разговаравме и за актуелната политичка состојба, за проектите кои ќе ги направи ВМРО-ДПМНЕ после промената на власта, потребата од силна борба со криминалот и корупцијата кои ја јадат државата.”
-стои во соопштението на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!