БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обединување зад заедничките интереси во Македонија на рамноправни граѓани каде ќе се вредува капицитетот на индивидуата

Пренеси го гласот

Во секојдневното море на информации кои се однесуваат на лошиот квалитет на живот во Македонија, ретки се идеите кои што нудат решенија на актуелните проблеми. Токму поради овие причини не сме а да остане незабележан говорот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од синоќешната годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во градот херој- Прилеп. Како речиси никој друг во државата Мицкоски зборуваше за надеж, зборуваше за промени, зборуваше за визија за подобро утре како начин за излез на Македонските граѓани од оваа актуелна безизлезност.

Еден момент од говорот кој што особено заслужува да се апострофира е спомнувањето на безрезервната рамноправност на сите граѓани со еднакви шанси пред општеството и државата при што главен збор ќе го има меритократијата на индивидуалните капацитети на поединецот.

Овој би рекол новитет изнесен во јавноста на политичката сцена во Македонија е досега нешто недоволно артикулирано и валоризирано од страна на сите досегашни власти кои беа заглавени во лавиринтите на колективитетот дефиниран во нивните партиски структури што неминовно потоа се пресликува зад барикадите на партизираната администрација.

Вистинското граѓанско општество во услови на либерален пазар и пазарна економија се вреднува по тоа колку една единка може да допринесе најпрвин за себе, сопственото семејство и пошироко, неговиот, град, општина регион, држава…

Здружувањето на повеќе граѓани во форма на граѓански здруженија обединети околу една или повеќе цели во МАкедонија е тема која што сериозно е разнишана од досегашниот начин на функционирање на граѓанскиот сектор, но неминовно во тој контекст мора да почне да се развива врз основа на вистински вредности. Но пред тоа новата правна држава со почитување на правдата и законите без селективност мора да воспостави апсолутна рамноправност на поединецот, без разлика на неговиот индивидуален концепт на живеење базиран единствено на неговиот капацитет, знаење, вештини, имагинација…

И токму затоа сметам дека овој концепт пренесен во говорот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е особено важен во иднина сериозно да се обмисли и да биде основа за нашиот граѓански концепт на политички и секаков друг плурализам во иднина.

“Сите заедно, многумина како едно да тргнеме во остварувањето на нашиот сон и нашата заедничка иднина. Македонија – држава на сите луѓе од сите места и градови, на рамноправни едни со други, со еднакви шанси искористени согласно со капацитетите на индивидуата. Затоа на младите мора да им ја дадеме нивната шанса, надеж и визија која заедно ќе ја отсонуваме. И тоа им го должиме ним, но и си го должиме нам…Како до тоа? Преку промени што се случуваат, преку коренити промени на свеста, преку заедничко дефинирање на нашите цели и преку покажување на пркосен отпор и верба во идеите.

За да има промени, мора да има избори!”

-соопшти Христијан Мицкоски- претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп пред младите генерации во партијата кои треба и мора да бидат извориштето на промените за подобро утре.

Креирано од:


Пренеси го гласот