До нашата редакција пристигна соопштение за јавноста на Здружението “Аманет 1903-та Скопје ” чиј што текст интегрално во продолжение го пренесуваме:
“Од канцелариски до теренски,активностите од ден на ден, се повеќе покажуваат дека Канцеларијата Македонец за Македонец може да биде почетна точка на секој прав и искрен борец за Македонската Кауза.
Будење на свеста кај Македонецот дека може,од своето непостоење во сопствената Држава да се стори видлив и гласен како поединец во состав на Народот.
Го користиме мигот за да ја овозможиме вечноста.
Преку Аманет оставен со патот во селото Кнежје, преку Аманет оставен со гласот против сите предавства, направени за последните 4 години, од страна на најголемиот предавник во Историјата на Македонија, кон Македонецот во сопствената Држава.
Три години оставаме Аманет под Каузата Македонец за Македонец.
Имаме ли нешто поважно? Доволно ли е? Можеме ли? Ние немаме поважно,не е доволно и мораме. И должиме на Македонија да бидеме Македонци.
Канцеларија Македонец за Македонец, со Македонците за Македонија. Подарок од нашата Канцеларија за сите членови, поддржувачи и секој со Идејно ист став, лепенка за телефон, шалт-табла или по избор. Македонец за Македонец ,заедно за Македонија.
Ве очекуваме.
Аеродром,Три бисери, карши сендвичара Седмица.
Застанете заедно со нас за Македонската Кауза !
Орг.Аманет 1903-та Скопје”
-стои во соопштението на организацијата “Аманет 1903-та Скопје”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одржан онлајн состанок со претставници на Европската комисија за Реформската агенда и Планот за раст
Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”
Ристески на Конференцијата за МСП во Будва: Науката и бизнисот мора да имаат поголема соработка, истражувањето е алатка за правење постабилни, попаметни, поконкурентни и позелени бизниси