Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во изминатите два дена зеде забележливи учество на 36 самот на НАТО алијансата кој што се одржува ов АНКАРА, Туркије.
Во рамки на САМИТОТ таа имаше средби со повеќе шефови на држави а главниот придонес Македонската претседателка го имаше со своето обраќање пред претставниците и шефовите на држави од останатите членки на алијансата.
“Самитот на НАТО беше добра прилика, покрај учеството на официјалниот состанок, да разменам мислења со наши пријатели и сојузници за безбедносните предизвици, регионалната стабилност и процесот на евроинтеграции.
Имав продуктивни неформални разговори со повеќе шефови на држави и влади, меѓу кои претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, германскиот канцелар Фридрих Мерц, премиерката на Исланд, Криструн Фростадотир, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, премиерот на Унгарија, Петер Маѓар и премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ”
-напиша денеска на социјалните мрежи Претседателката Сиљановска- Давкова.
Претходно во врска со своето обраќање таа порача:
“Денеска се обратив на 36. Самит на НАТО, којшто се одржа во Анкара.
Испративме силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици.
Македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник, којшто активно придонесува кон безбедноста на Алијансата и продолжува со унапредување на своите одбранбени капацитети.
Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност, кои се манифестираат во рамките на НАТО, треба доследно да се применуваат и во процесот на европската интеграција.”
-напиша таа на социјалните мрежи

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026