Денеска во просториите на владата Заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ оствари работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора.
На средбата е разговарано за можностите за соработка меѓу македонските институции и компании со иницијативи од Кина.
“Корисна работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора, предводени од претседателот на Комората, г. Жаолонг Шао, на која разговаравме за можностите за унапредување на економската соработка меѓу РС Македонија и НР Кина, како и за улогата што Кинеско-македонската стопанска комора може да ја има во поврзувањето на деловните заедници и поттикнувањето на нови иницијативи од заемен интерес.
Формирањето на Комората е значаен чекор кон интензивирање на економските релации и создавање нови можности за соработка меѓу компаниите од двете земји, честитам на нашите и кинеските спотанственици за храброста да ги интензивираат активностите кои придонесуваат за јакнење на економските врски, зголемување на трговската размена и создавање поволна клима за нови инвестиции и деловни партнерства.”
-напиша на социјалните мрежи Иван Стоилковиќ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи