БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од денеска (28 ноември), започнуваат Божиќните пости

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Божикните пости, кои го најавуваат раѓањето на Исус Христос, започнуваат денес, 28 ноември, и ќе траат до 6-ти јануари 2019 година.

Во овој период верниците кои постат се воздржуваат од мрсна храна, се воздржуваат од сите телесни задоволства и се посветуваат на Бога. Во божиќните пости е дозволено да се јаде риба. Во постењето има и правила, сите не постат исто, постојат категории во самиот пост како: мали деца, изнемоштени, болни лица, бремени жени, постат според нивните телесни сили, според препораки на духовно лице, кое може и целосно да ги ослободи од пост. “ Основата врз која се појавил Божикниот пост бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово. Божикниот пост започнува на 15/28 ноември и трае до 25 декември/7 јануари, односно 40 денови, поради што во Типиконот, како и Великиот пост, се нарекува Четириесетница.

По зборовите на блажен Симеон Солунски, „постот на Божикната Четириесетница го изобразува постот на Мојсеј, кој откако постел 40 денови и 40 ноќи, ги добил на камени табли Божјите заповеди. А ние, постејќи 40 денови, го созерцуваме и го примаме живото Слово од Дева, изобразено не на камења, туку воплотено и родено, и се приопштуваме на Неговата Божествена плот“. Божикниот пост е установен за да се очистиме за денот на Рождеството Христово преку покајание, молитва и пост, за со чисто срце, душа и тело да можеме благоговејно да Го сретнеме Божјиот Син, Кој дојде во светот и за Нему да Му го принесеме нашето чисто срце и решеност да го следиме Неговото учење.” – пишува во посланието за Божикниот пост на Македонската православна црква.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace