БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од “паркот на Вавката” денес Горан Трајковски упати снимена порака до делчевчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник за Делчево од редовите на СДСМ Горан Трајковски денеска од т.н. “парк со фонтана и езерца на Вавката” во центарот на Делчево, по повод почеток на предизборната кампања упати до јавноста неколку свои пораки.

Во рамките на своето филмувано обраќање кандидатот на СДСМ најави дека ќе ја претстави неговата нова предизборна програма “Најдоброто за Делчево” во домовите на сите граѓани на општината.

Навраќајки се на својата досегашна работа кандидатот Трајковски соопшти дека ги искористил сите ресурси од општината за да каже “ДА” дека работел заедно со луѓето околу него за Делчево да биде Европска општина со задоволни граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Трајковски најави дека со моралност и етичност ќе го продолжи да го трасира патот за модерно и успешно Делчево.

Во видеото пренесено преку социјалните мрежи во вториот дел се обраќа и Гоце Попов кој што е носител на кандидатската листа за советници на СДСМ за советот на општина Делчево.

Инаку Гоце Попов како сопственик на проектантска фирма е познат во делчевската јавност како добитник и реализатор на тендери за општина Делчево под раководство на Горан Трајковски.

Целото обраќање на кандидатот за градоначалник на Делчево и носителот на советничката листа на кандидати од СДСМ може да се погледне на сл. Линк тука.

Инаку во периодот кога се градеше овој парк каде што денеска Горан Трајковски го снимаше својот пропаганден спот, самиот тој како тогашен претседател на СДСМ Делчево, жестоко ја напаѓаше тогашната локална власт токму заради изградбата на овој парк.

Креирано од:


Пренеси го гласот