БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Горан Трајковски од СДСМ се што вети за Голак излажа, да видиме што ќе направи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потенцијалот кој што со себе го носи планината Голак за развојот на туризмот во општина Делчево а со тоа и подобрување на условите за водење бизнис и стандардот на делчевчани е голем. Во сите развојни стратегии на Општинската самоуправа од кога е почнато нивното донесување, планината Голак игра доминантна улога во локалниот економски развој на Делчево.

Од сите ветувања за развој на планината Голак и туристичкиот локалитет во изминатите 30 -тина и повеќе години, најголема инвестиција беше реализирана во 2014- 2015-2016 година кога беше целосно реконструиран регионалниот пат од Делчево до самиот врв Чавка на Голак во должина од 11.2 км од страна на тогашните власти.

Дополнително во 2016 година беше реконструиран и мултинаменскиот спортски терен во Туристичкиот локалитет Голак.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претходната состојба на овој патен правец беше очајна, па патувањето по оваа регионална сообраќајница беше возможно само со теренски возила.

Со целосната реконструкција на патот Делчево-Голак во 2014 и 2016 година се создадоа предуслови за поинтензивен развој на туризмот на планината, но сериозна иницијатива недостигаше од страна на властите (централна и локална) во периодот кој што следуваше потоа.

Во предизборната програма на се уште актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски од 2017 година кога ја доби довербата на делчевчани да ја води општината, беше ветено Изработка на студија и проект за водоснабдување на Голак за инвеститорите кои што тогаш биле заинтересирани да градат на Голак.

Решавањето на проблемот со водоснабдувањето на Голак тогаш беше проект од примарно значење после реконструкцијата на патот која заврши 2016 година. Но ваквиот проект остана само напишан на памфлетот наречен програма под името “Живот за сите во Делчево”.

Од ваквото предизборно ветување во 2017 година за решавање на проблемот со вода на Голак денес не остана ништо освен убави зборови.

Од 2016 година на користење под ингеренции на општина Делчево е и новиот дел од детското одмаралиште на планината Голак кое што исто така е во очајна состојба. Актуелниот градоначалник Горан Трајковски во повеќе наврати најавуваше инвеститори за ова одмаралиште. Во една прилика на почетокот на 2021 година во изјава за локален интернет портал Горан Трајковски дури соопшти во јавноста дека ималo натпревар меѓу потенцијални инвеститори кои се натпреварувале кој да инвестира во детското одмаралиште на Голак.

И од овие најави на градоначалникот Горан Трајковски не остана ништо како резултат освен убави зборови а детското одмаралиште на Голак и ден денес се уште пропаѓа без соодветно внимание од надлежните.

Во предизборната трка која што започна денеска за градоначалничката функција во општина Делчево повторно се трка актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски. Негов противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е Д-р Николчо Стојменовски.

Што ќе понудат двајцата кандидати во своите програми за враќање на стариот сјај на Голак останува да видиме во претстојните три недели.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот