Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска присуствуваше на настан со кој што се одбележа почетокот на учебната 2023-2024 година за првачињата кои го почнуваат своето основно образование во општинските училишта.
“Драги првачиња, драги ученици, почитувани родители и наставници !
Ви посакувам овој ден да Ви биде исполнет со многу радост и смеа и Во текот на учебната година да стекнете нови знаења и лесно да ги пребродите предизвиците што ги носи образовниот процес.
И оваа година Општина Штип заедно со општествено одговорните компании Stip City Mall,ЕАМ и книжарница Давка се погрижи секое дете да добие ранец со училишен прибор и маичка,со што се надеваме дака ќе овозможиме секое детенце од прво одделение со радост да ја почне оваа нова учебна година.
Среќна и успешна учебна година !”
-напиша градоначалникот Јорданов на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември