На социјалните мрежи влијателни фејсбук страници организираат повеќе онлајн анкети на кои што корисниците на оваа социјална мрежа можат да ги искажат своето мислење во однос на тоа кој кандидат за градоначалник на претстојните избори сметаат дека треаба да го добие нивниот глас.
На сите до сега видливи анкети убедливо победуваат кандидатите за градоначаници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот од овие мини сондажи е разбирлив имајки го во предвид револтот на граѓаните на нашиот Брегалнички регион од политиките на актуелните градоначалници кои повторно се кандидирани од страна на Зоран Заев и покрај нереализираните ветувања и лошите политики на поделби и партизација на општините.
Гласањето на овие анкети е во тек па секој од нашите читатели може да го изрази своето мислење
Во анкетата што е објавена за кандидатите за градоначалник меѓу Иван Јорданов (ВМРО-ДПМНЕ) и Сашко Николов (СДСМ) убедливо води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданов.
На анкетата меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Паунов и кандидатот на СДСМ Јордан Насев повторно во убедливо вотство на анкетата е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Виктор Паунов.
Она што е карактеристично е штто кандидатот за градоначалник на општина Делчево Николчо Стојменовски на повеќе онлајн анкети организирани од различни фејсбук страни убедливо на сите води над актуелниот градоначалник на Делчево Горан Трајковски од СДСМ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи