БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Оперски арии со Ана Синицки во Битола

Пренеси го гласот

Во склоп на Битолското културно лето, мецосопранот Ана Синицки, која живее во Србија, во пијано придружба на Мери Бојиќ Радојиќ, создаде воодушевувачка атмосфера во концертната сала на Завод и музеј, одржувајќи извонреден концерт, исполнет со бројни оперски арии, филмски нумери, наполитански и шпански песни.

Голем број на посетители беа прекрасно изненадени од пријатната атмосвера која ја приреди Синицки. Нејзиниот магичен глас долго ќе го памтат битолчани. Изненадување на вечерта беше нејзината моќна изведба на познатиот хит „Молитва“ од Виолета Томовска.

Инаку познатата оперска пејачка е по потекло од Битола, нејзините родители живееле во Битола, но моментално Ана својот живот и кариера ги продолжува во Србија.

 

Креирано од:


Пренеси го гласот