БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Опозицијата во Карбинци бара пари од продажбата на државното градежно земјиште во Карбинци да се наменат за проекти кои се потребни на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци Виктор Паунов денеска на прес конференција побара од локалната власт и Градоначалникот пари од продажбата на државно градежно земјиште од општина Карбинци да бидат наменети за реализација на проекти кои што се насушна потреба за жителите на Карбинци и останатите рурални места во општината.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Виктор Паунов во врска со оваа иницијатива:

“Почитувани жители на општина Карбинци

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Власта предводена од сдсм во изминатиов периодов се пофали дека продадоа неколку парцели во индуструската зона во Таринци и се здобија со приход од некаде 17.500.000 денари.

Признавајки ја слабата реализација на проекти предвидени во нивната програма и во буџетите низ годините, ние како опозиција бараме овие средства да бидат наменети за проекти кои граѓаните ги очекуваа овие 4 години.

Тука би ги побарале следниве проекти:

1. Уредување на одводниот канал ,,Герен” во Долни Балван;

2. Оградување и реконструкција на постоечкото фудбалско игралиште во Крупиште;

3. Изградба на училишна зграда во Таринци;

4. Завршување на градбата на мостот и пристапната улица во Карбинци;

5. Изградба на мост во с.Козјак”

Креирано од:


Пренеси го гласот