Знам дека сега кога гледаш одозгора, (има што да видеш) кодоши имало и ќе има, тоа веќе го знаеш и не ти е главна перцепција. Сепак, убаво е да знаеш дека не сме престанале да се бориме, некои отворено, некои во завиткана форма. Само сакам да знаеш и дека сега е постудено, да да, постудено од чувството на Константин Миладинов брате!Чунки Северна бољка некоја го замрзнува мозокот на изладените Македонци од Македонија. Не им замерувај Шефе, полното меше ги мачеше…продадоа се за што Ти живееше и се бореше!!
Да беше Ти, знам дека ќе имаше камелеонска герила, ама сега е друго време Учителе!?Сега Франција, Италија и Англија се поблизу, има авиони, има брз превоз, се е побрзо, па и предавствата! Инаку ние арно сме, фала на прашање!
Уште чуваме традиција, со сите верски празници, со ракија пред ручек, со вино и со зелници мазници, со стара седенка и лаф муабет, со ,,манлихера” и нешто поново (само ги криеме како змија нозете, чунки зло време?!), исто ги почитуваме Старите како од твое време, така и децата ги воспитуваме… Е сега знам шо ќе Не покудиш, знам дека ќе не скараш оти малку сме, ама грешиш мислам ако може да ти кажам: Оти толку сме биле отсекогаш! И денес пак имаме и Македончишта и Македончиња, едните родени од срцето на ножот а другите од рамните мозоци и од батал кал направени… Ама студот на Северната ќе го стоплиме, ако имаме оган во градите, од калта ќе излеземе ако имаме желба за одење напред…,,Колку сме, толку сме…”
Твој Гоце од едно поладно време!
Фејсбук статус на Гоце Марков

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Прогласи на ѕидот
СВИЖДАНЕ
Последниот пишувач на љубовни писма