Општина Штип ги информира сите заинтересирани ученици и нивните семејства дека е објавен Јавен повик за доделување на стипендии за ученици-спортисти од областа на спортот.
Стипендиите се наменети за:
– Ученици-спортисти кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови
– Ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови
Право на пријавување имаат ученици кои учат во основните и средните училишта на територијата на Општина Штип и се жители на Општина Штип.
Во прилог на ова соопштение можете да ги најдете:
– Линкот до јавниот повик
– Правилникот со критериуми за доделување на стипендии
https://stip.gov.mk/…/Javen-povik-stipendii-sport-1-25.pdf
Од општина Штип ги повикуваат сите талентирани млади спортисти да аплицираат и да ја искористат оваа можност за поддршка на нивниот спортски развој. Општина Штип продолжува да вложува во младите и спортот како основа за здрав и успешен развој на идните генерации.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево