ПОЧИТУВАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ,
На 11 октомври 1941г. , Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. Свесен дека вистинската слобода за Македонија не може да биде измолена и подарена, туку само со борба освоена, македонскиот народот заедно со сите чеда на Македонија ја започна Народноослободителната борба. Во оваа борба, народот на Македонија се препороди и се почувствува слободен да си ја земе судбината во сопствените раце.
Затоа денес, 11 Октомври е повеќе од државен празник, тој е и отелотворување на идеалот за слобода и правда. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна и независна држава.
На овој голем празник, уште еднаш, да го повториме заветот кој ни го оставија нашите предци и достојно и гордо да го чуваме!Денес, кога македонскиот народ повторно е исправен пред надвиснатите предизвици, обидите за негово разнебитување и омаловажување, да се потсетиме на идејата на хероите која не учи дека само со единство, јасна цел и љубов кон татковината, можеме да бидеме господари над сопствената судбина и да ја одбереме самите ние својата иднина. А таа е Република Македонија.
-фејсбук статус на поранешниот Претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар