БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Орце Симов: Државен дата центар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во изминатите десетина дена во Македонија многу се дискутираше и полемизираше за темата на дата-центрите. Во јавноста, сепак, често се мешаа термините комерцијален дата-центар и државен дата-центар.

Инвестициите на приватни субјекти во дата-центри се добредојдени и можат да имаат големо значење за развојот на дигиталната економија. Но, тие не ја заменуваат потребата, ниту го одземаат правото на државата да изгради сопствен државен дата-центар за потребите на државните институции.

За потребата од безбеден и модерен државен дата-центар зборувам веќе неколку години – и во пишани медиуми, и преку интервјуа за радио и телевизија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сумиран дел од моите ставови:

• Државата мора да има безбеден државен дата-центар, со високо ниво на заштита од сајбер-напади и со инфраструктура која ќе овозможи сигурно функционирање на критичните државни системи.

• Изградбата треба во најголема можна мера да се потпира на домашните ИКТ-компании, со што паралелно ќе се создава и развива национален технолошки капацитет и експертиза.

• Потребен е главен дата-центар и секундарен Disaster Recovery дата-центар, со цел да се обезбедат континуитет, отпорност и непречено функционирање на државните системи и во случај на сериозен дефект, природна непогода или сајбер-напад.

• Управувањето со оваа инфраструктура треба да биде доверено на специјализирано и професионално тело, односно Дигитална агенција, која ќе има задача да ја координира и води дигиталната трансформација на државата, како и да го управува, одржува и континуирано развива државниот дата-центар.

Државниот дата-центар не треба да се гледа само како инвестиција во сервери и опрема. Тој треба да биде еден од темелите на современата дигитална држава – нејзината безбедност, отпорност и способност да обезбедува дигитални услуги 24/7.

Во коментари има дел од моите интервјуа во пишана форма.

Став на Проф Орце Симов- потпретседател на Сојузот на стопанските комори и претседател на ИКТ-комората упатен преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот