БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето гостување на дневникот на Канал 5 Трлрвизија во централниот дневник Министерот за транспорт и Вицепремиер на Македонската Влада Александар Николоски зборуваше за повеќе актуелни прашања од доменот на неговиот ресор на работа вклучително и за реализираното ветување за воведување на градски воз од 1 септември.

Изминатава година интензивно работевеме на воведување на Градскиот воз кој треба приградските населби и општини кои гравитираат околу главниот град, да ги спои со Скопје на еден еколошки и брз начин. Тоа сериозно ќе придонесе за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе учениците, студентите и сите оние кои што работат во Градот Скопје и во општините навреме да стигнуваат, вели во интервјуто за ТВ Канал 5, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.   

“ Вчера можеа сите да видат дека од Зелениково до Скопје се патува некаде за 24 минути. Што ако споредите дека со кола се патува некаде около 70 минути, многу е јасно која е разликата. Тоа сериозно ќе придонесе и за намалување на загадувањето, сериозно ќе придонесе луѓето навреме да стигнуваат и учениците, и студентите и оние коишто работат во градот Скопје и во општините. И се надевам дека масовно ќе биде користен, дека сè помалку ќе се користат возила на оваа линија каде што поминува сега градскиот воз, а сè повеќе ќе се користи возот. Возот поминува низ станиците Зелениково, Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, понатаму Лисиче, Драчево, веќе работиме на станица кај Кисела Вода – 11 Октомври – бараки и завршува на Новата железничка станица” – истакна Николоски. 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој додаде дека се работи на проектирање на уште две нови линии едната од Ѓорче Петров до Центар и втората од Илинден до Центар, со што ќе се заокружи концептот на три линии на градскиот воз како нов јавен превоз за Скопје.

Извор: Министерство за транспорт

Креирано од:


Пренеси го гласот