БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Откако ја заглавија државата во поданички однос на безизлезност, СДСМ сега зборуваат за отварање кластери

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вчерашната седница на Националниот совет за евроинтеграции во Македонското собрание, Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој што е и претседавач на овој совет зборуваше пред присутните пратеници и пред целокупната македонска јавност за тоа што треба да се направи за унапредување на процесот за евроинтеграциите на државата.

Зборувајки за одделни кластери на реформи во јавните политики Филипче како да заборави дека до пред неколку месеци тој и неговата партија беа власт во државата и ги имаа сите можности на располагање за реализација на овие реформи. Сега откако граѓаните на изборите во мај минатата година им го покажаа местото на СДСМ и функционерите како Венко Филипче, тие повторно се обидуваат да го добијат вниманието на јавноста со декларативни изјави и дискредитирани говори.

“Забрзувањето на реформите во клучните области е неопходно за напредокот на државата, сите треба да дадат придонес за отворање на првиот кластер, порача претседателот на СДСМ и претседавач на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, д-р Венко Филипче, на денешената седница на советот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На седницата претседателот Филипче ги потенцираше следните приоритети:

▫️Кластер 1: Фундаментални вредности

• Потребна е зајакната меѓупартиска соработка и отчетност на администрацијата, со цел да се подобри контролата врз нејзината работа.

• Борбата против корупцијата мора да биде приоритет, со поддршка за професионалната и независна работа на Државната комисија за спречување на корупцијата.

• Измените на Кривичниот законик од септември 2023 година мора да се ревидираат, со цел усогласување со правото на ЕУ и зајакнување на борбата против корупцијата.

▫️Кластер 2: Внатрешен пазар

• Потребно е целосно усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, особено во делот на заемно признавање на професионалните квалификации.

• Инвестиции во човечки ресурси и финансирање на здравствениот сектор се од клучно значење.

▫️Кластер 3: Конкурентност и инклузивен раст

• Усогласување на националното законодавство со кодексот за електронски комуникации на ЕУ.

• Поддршка за малите и средни претпријатија и зголемување на нивната извозна подготвеност.

• Обезбедување подобар пристап до образование, особено за ранливите категории.

▫️Кластер 4: Зелена агенда и одржлива поврзаност

• Забрзување на транзицијата кон зелена енергија и намалување на зависноста од јаглен и гас.

• Подобрување на граничните железнички премини и завршување на железничкиот Коридор 8.

▫️Кластер 5: Ресурси, земјоделство и кохезија

• Донесување на правна рамка за усогласување со ЕУ во земјоделството и обезбедување стабилно спроведување на програмата ИПАРД 3.

• Зајакнување на капацитетите за управување со фондовите на ЕУ.

▫️Кластер 6: Надворешни односи

• Продолжување со усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

• Спроведување на протоколите од ЦЕФТА и зајакнување на законодавството за контролирање на малото и лесното оружје.”

-стои во соопштението на СДСМ упатено преку социјалните мрежи во врска со вчерашната одржана седница на Националниот совет за евроинтеграции во Македонското собрание.

Креирано од:


Пренеси го гласот