Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов преку социјалните мрежи упати своја реакција во врска со состојбата на булеварот Партизанска во Штип, која што ја остави своевремено сега актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.
“Оној кои не успеа да направи ниту еден инфраструктурен проект, а беше награден со раководство на најодговорното министерство за капитални инвестиции во државата, во наследство ни ја остави оваа импровизација!
Со напорна, чесна и посветена работа, оваа локална самоуправа на Општина Штип во најскоро време ќе го уреди булеварот Партизанска и ќе создадеме модерно и функционално сообраќајно решение, токму на ова место каде денес имавме непријатно соочување со неработењето во минатото!”
-соопшти Градоначалникт Јорданов денеска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип