Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026.
Во рамки на советувањето се предвидени стручни трудови, дискусии, панел-сесии и keynote презентации на теми важни за развојот на современото, безбедно и одржливо рударство.
Крајниот рок за испраќање трудови е 25 август 2026 година, а информацијата за прифатените трудови ќе биде објавена на 1 септември 2026 година. Повеќе информации за начинот на подготовка и форматирање на трудовите се објавени на веб страницата https://www.zrgim.mk/

Организатор на советувањето е Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија, во коорганизација со Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултет за природни и технички науки, Штип, и МАР, Македонска асоцијација за рударство.
Во прилог, повеќе информации и фотографии од минатата година.
Се надеваме дека ќе ја споделите информацијата со вашата публика.
Лице за контакт: Наташа Велковска 076 299 896
Со почит,
Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!