БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е реалноста и ова се проблеми со кои се соочуваме сите освен корумпираната власт на СДСМ, порача Игор Јанушев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

-Транспаренси ја прогласи Македонија за најкорумпирана држава во Европа;

-Македонскиот воздух е најзагаден во Европа;

-Македонците земаат најниска плата во регионот;

Ова се вистинските проблеми, ова се работите за кои не сакаат да размислувате! Бидејки ако размислите ќе сватите многу лесно кој е виновен за нив.

Јас нема да Ви раскажувам како ми се викало папагалчето, или која ми е омилена филмска реплика.

Ова не е филм!

Ова е реалноста и ова се проблеми со кои се соочуваме сите освен корумпираната власт на СДСМ.

Ова се дел од пораките на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој што во своја видео порака ги разоткри погубните политики и резултатите од таквите политики на власта на Зоран Заев.

Истовремено Јануше упати пораки за охрабрување и подготвеност да се стави крај на ваквите политики:

„Добро знаете дека сакаат да ви го оттргнат вниманието од вистинските проблеми за кои власта е одговорна. Хаосот кој што го создадоа и го оставаат е огромен, но не е нерешлив.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со многу труд, со искрен однос и со вашата поддршка, почитувани граѓани, ќе ја донесеме обновата на Македонија која што ќе обезбеди успешна иднина за сите генерации.

Поразите да ги замениме со победи. Обновата доаѓа„

-соопшти тој.

Креирано од:


Пренеси го гласот