БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Димитар Димовски и Никола Мицевски денес во посета на жителите на дел од делчевските села

Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски како и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски, со членови на Општинскиот комитет на партијата во Делчево беа во теренска посета на жителите на неколку рурални средини во општина Делчево.

Помеѓу жителите на село Вирче оваа висока партиска делегација се се запозна со проблеми кои што ги имаат во својот секојдневен живот жителите на ова Пијанечко село во однос на актуелната власт,- информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Во посета на делчевското село Вирче денеска беа членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски како и Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент Никола Мицевски.
Жителите на Вирче ги искажаа своите проблеми кои што ги имаат во својот секојдневен живот во однос на актуелната власт, при што упатија уверување дека на претстојните парламентарни избори во Република Македонија на власт ќе дојдат чесни и одговорни политичари кои што ќе обрнат многу поголемо внимание на нивните проблеми во иднина

информираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Жителите на село Тработивиште огорчени од состојбите кои се однесуваат на нивното секојдневие, така и за севкупните состојби во државата го искажаа својот револт против актуелните власти преку порака:

Време е надежта да се врати во село Тработивиште повторно. Тоа може да го направат само чесни и одговорни политичари, политичари кои се постојано помеѓу народот, а не такви кои се кријат во сали и канцеларии…

-соопштил повозрасен жител на селото Тработивиште.

При посетата на востаничко Разловци, село кое пркоси на времето кое е надвиснато над плеќите на разловчани, високите претставници на ВМРО-ДПМНЕ ги слушнале пораките на жителите на ова село кои по никоја цена на сакаат да се откажат од името на Република Македонија, кое име за нив има посебно значење.

Ова се жителите на селото Разловци…
Некогаш горди и достоинствени Македонци кои ја започнаа Македонската револуција..
Сега заборавени од власта на Зоран Заев во борба со нивното секојдневие, за да преживеат.
Колку луѓе толку поразителни приказни. Нема семејство од жителите на Разловци кое што нема свои заминати во странство. Во потрага по подобар живот,за егзистенција на нивните семејства. Праќаат по некоја пара и на нивните роднини во селото, за да ја надминат оваа криза во државата наметната од катастрофалните политики на Зоран Заев…
Сите се сложни во едно!
Обнова на село Разловци од темел е потребна… Исто како и за Република Македонија….
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА….
ОВА ИМЕ ОВДЕ ИМА ПОСЕБНО ЗНАЧЕЊЕ НА ГОЛЕМИНА И ГОРДОСТ!

-соопштуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот