БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Оваа година ќе се потрошат 40.000 евра за Пастрмалијадата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Една четвртина од парите наменети за култура, општина Штип ќе ги потроши за организирање на Пастрмалијадата. Станува збор за околу 2,5 милиони денари или 40 илјади евра.

Буџетот во однос на лани скокнал за 500.000 денари односно е двојно зголемен во однос на 2016-та. Дека најмногу пари од оваа ставка одат за Пастрмалијадата говори и податокот дека за најстарата културна манифестација Штипско културно лето се предвидени 700.000 денари.

„Манифестацијата според својот карактер и својата големина бара огромни трошоци, организирањето на манифестација којашто обединува околу 50-тина илјади луѓе на плоштад, сака не само добра организација, туку и техничка опременост и поддршка“, вели Кирил Панајотов, општина Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Шеесет проценти од вкупните трошоци за Пастрмалијадата треба да обезбедат угостителите, но никогаш не се знае каков ќе биде интересот  и на колку пари може се смета.  Годинава се разговара и за промена  на концептот. Од кабинетот на градоначалникот Бочварски со писмено соопштение ни одговорија дека зголемувањето на средствата не се коси со нивната политика на штедење

„Манифестацијата „Пастрмалијада“ во својата основа ја има промоцијата на брендот на Штип, пастрмалијата, а е со идеја да се поттикне туризмот, односно да се направи економска и туристичка промоција на Штип. Економските придобивки од „Пастрмалијада“ ги чувствуваат граѓаните и угостителите, велат од Кабинетот на градоначалникот на општина Штип.

Последниве неколку години Пастрмалијадата ја организира општината заедно со Здружението на угостители од Штип. Претходно манифестацијата ја организираше Здружение на граѓани што заврши со пресуди за злоупотреба за првите луѓе на здружението.

 

 

Телевизија 24

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace