Сопственикот на Телекабел, Роберт Димитров-Роби најави дека компанијата ќе стане четврт мобилен оператор во земјава.
– Припремите се во тек, веќе се спремаме за инвестиции и правната рамка, но за неколку месеци Телекабел покрај кабловски и интернет провајдер ќе стане и мобилен оператор. Тоа јас го напишав и на мојот фб профил пред неколку денови. Телекабел е бренд кој е омилен кај граѓаните, ќе продолжиме со нашиот заштитен знак а тоа е постпејд сервис без договор за верност, со тоа сите наши клиенти ако не се задоволни можат да си заминат веднаш и за тоа нема да плаќаат никакви пенали – изјави Роби за интервју за Мактел.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево