На денешен ден во 1975 година Ралф Меквари кој што беше концептуалниот уметник кој што стоеше зад Војна на ѕвездите ја создаде сликата наречена “Дроиди во пустина”. Оваа графичка креација подоцна беше претставена пред филмското студио 20 Century Fox кое што било во преговори за откупување на правата на Војна на ѕвездите кој што стана светски поп феномен во наредните неколку децении.
Оваа слика на уметникот задолжен за визуелизација на светот роден од имагинацијата на Џорџ Лукас го дефинираше текот и развојот на модерниот жанр на научна фантастика во филмската индустрија но и светската поп култура воопшто.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!