Премиерата на најновата филмска екранизација на легендата за Грофот Дракула е закажана за 14 април 2023 година во светските кино сали.
Од она што може да се забележи на најновиот трејлер за филмот е дека станува збор за интересна адаптација на оригиналниот материјал на Брам Стокер во современо време која сигурно ќе привлече голема популација од помладата публика.
Во филмскиот наратив станува збор за Ренфилд кој што во филмот го глуми младиот актер Николас Хоулт а во улогата на грофот Дракула настапува Николас Кејџ. Ренфилд е слуга на Грофот Дракула кој е задолжен да му обезбедува намирници и да го чува додека грофот е во својот ковчег скриен од дневната светлина. Но затоа ноќните авантури на ова страшно дуо се исполнети со многу акција, комични моменти и хорор елементи кои што веруваме дека ќе поттикнат публиката за да појде во кино и да го изгледа овој филм.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Магично Тајмлапс видео на Масиеј Виниарцук
Кафе послужено во корнет! Каде ако не во Јапонија
Домашна пита со овошје