Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Следбениците на “Армија на темнината” и “Злите мртви” со нетрпение го очекуваат новиот филм од франшизата. “Подем на злите мртовци” со прв трејлер

Пренеси го гласот

Лично актерот Брус Кембел на неговата фејсбук страница на драматичен начин го најави објавувањето на новиот прв трејлер на филмот “Evil Dead Rise” (Подем на злите мртовци) кој што со нетрпение е очекуван од армијата на фанови кои што овој култен серијал ги има стекнато со децении наназад.

Иако Брус Кембел нема да настапува во филмот ветува оригинално и возбудливо доживување информирајки дека неговата продуцентска улога е присутна во филмот како евтино одело.

Станува збор за продолжување на успешната франшиза на култниот филм “Злите мртви” [The Evil Dead] и “Зли мртви II: Мртви до зори” [Evil Dead II: Dead by Dawn] како и филмот “Армија на темнината” [Army of Darkness] од 80-те и 90-те години на минатиот век како и “Зли мртви” [Evil Dead] од 2013 година и серијалот “Еш против зли мртви” [Ash Vs Evil Dead] кој се емитуваше во три сезони од 2015 до 2018 година.

Трејлерот за филмот чија што премиера се очекува за 21 април 2023 година мора да признаеме дека изгледа застрашувачки а останува да видиме дали ќе го има истиот сатирично-хумористичен наратив како и неговите претходници и како тој ќе се обиде да ја придобие новата современа публика после речиси 4 децении од појавувањето на оригиналниот филм.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com