БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Овие ровови се за изградба на фекална канализација за над 100-тина домаќинства во нас. Железничка во Штип

Пренеси го гласот

Населбите Долна и Горна Железничка во Штип после децении од нивната изградба конечно ќе добијат фекална канализација. Жителите на населбата Железничка од над 100-тина домаќинства на број се уште во 21 век немаат основни услови за живот, што негативно се одразуваше во нивното секојдневие со децении наназад. Во рамки на годишната програма за работа на градоначалникот Иван Јорданов започна изградбата на првата оперативна фаза за поставување на коругираните канализациони цевки кои што ќе ги одведуваат фекалните води од населбата чии што жители до ден денес на импровизирани начини мораше да се справуваат со истите. Втората фаза ќе започне со реализација наредната година по чија што реализација ќе следува целосна изградба на улиците во населбата.

“Започнуваме со решавање на деценискиот проблем на жителите во нас. Железничка.

Стотина домаќинства немаат приклучок на фекална канализација од самото формирање и градење на населбата. Жалам што децении наназад никој не пристапил кон решавање на овој проблем и потреба на жителите во 21 век.

Реализацијата на проектот за поврзување на нас. Железничка со фекална канализација ќе се одвива во две фази. Првата предвидува поврзување на Горна Жележничка до крајот на оваа година, а втората фаза која ќе започне на почетокот на 2024 година, предвидува поврзување на Долна Железничка.

По завршувањето на овој проект, предвидено е асфалтирање на сите улици во населбата.

Ова е уште едно предизборно ветување кое наскоро ќе биде реализирано.”

-информираше градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот