БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈП “Национални Шуми” под притисок на граѓаните пушти плата под законскиот минимум за своите вработени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според информациите кои што пристигнаа до нашиот интернет портал денеска на вработени лица во Јавното претпријатие “Национални Шуми” им легнале одреден износ на нето плата за својата работа за месец декември 2023 година кој што е помал од законскиот минималец. Според информациите добиени од револтирани вработени лица, директорот на ова јавно претприатие исплатил нето плати во износ помеѓу 15 до 22 илјади денари што се коси со законот за минимална плата како и градацијата на износот на платите според коефициент. Ваквата состојба е резултат на притисокот од самите вработени кои што доколку и во последниот ден од месецот (денеска) не добиеа плата ќе имаа проблеми со своето здравствено осигурување, па веројатно соочени со огромниот револт на вработените, менаџментот на ЈП “Национални Шуми” одлучиле да се платат придонесите за вработените со одреден нето износ на плати толку колку што имаат пари во моментот на располагање.

Дополнително револтот на голем број вработени во ова претпријатие покрај доцнењето и исплатата на помали износи на плата, се продлабочи и по набавката на службени џипови од страна на менаџментот на ЈП во изминатиот период, додека вработените имаат проблеми со добивање на своите плати!

За ваквата состојба во јавноста во изминатиот период преку социјалните мрежи во однос на финансискиот менаџмент на јавното претпријатие повеќе пати реагираше и Кире Михајлов кој што е познавач на состојбите во овој сектор и со своите конструктивни апели сака да допринесе за доброто на претпријатието и вработените.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тој во изминатиот период во неколку наврати јавно го прозиваше директорот на ЈП “Национални Шуми” за погрешните менаџерски политики на чии што прозивки и директорот и останатите надлежни воопшто не реагирале. Како илустрација за неговите аргументи Кире Михајлов реагираше за набавката на службени џипови Дачиа Дастер од страна на директорот на претпријатието по цена од приближно 36 илјади евра додека на расположивиот пазар такви џипови можат да се набават и по цена од околу 20 илади евра, што е отвара простор за дополнителни нејаснотии за начинот на кој што се трошат парите, но и непланското менаџирање со платите на вработените кои доцнат половина месец и пак не се исплатени во полн износ.

Реакциите и апелите на Кире Михаилов до генералниот директор на Национални Шуми и раководството како и притисокот од страна на вработените во изминатет неколку дена допринесоа денеска на вработените да им бидат исплатени дел од платите, но проблемот во финансиското работење на претпријатието се чини останува и понатаму.

Расположивите информации од теренот велат дека претпријатието покрај тоа што тешко може да обезбеди плата на вработените, истото должи огромни суми пари и на извршителите на сеча, дотур и превоз на дрвни сортименти.

На ваквата состојба се надоврзуваат предизборните огласи за вработување на околу 380 Албанци, 10- тина Македонци и Срби како и неколкумина Турци и Власи, што крајно ја проблематизира одржливоста и воопшто функционирањето на ЈП “Национални Шуми” во периодот кој следува.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace