Лошите политики во управувањето со институциите во државата од страна на СДСМ и ДУИ во изминатите повеќе од 6 години овозможија општ хаос во спроведувањето на законот и процедурите што се предвидени за соодветните институции. Проблемите во функционирањето во оперативниот функционален дел на државата отсекогаш биле присутни.
Но она што во моментот е алармантно е финансисската состојба во која се наоѓа јавниот Буџет на владата. Задолжувањето галопира до светкави височини, инфлацијата осцилира речиси неконтролирано, стандардот и платежната моќ на граѓаните тоне длабоко кон сиромаштија, стопанството речиси крахира, а вработените во јавниот сектор во државата пополека ќе не можат да земаат плата.
Денеска делува смешно наративот “јас да се вработам на државно, та баш ми е гајле за другите”…. Ѓаволот во државата дојде и во јавниот сектор, затоа што лошиот менаџмент на тој јавен сектор овозможи колабирање на стопанството и реалниот сектор кои треба да го полнат јавниот буџет.
А секнуваат и странските задолжувања…
Државата е пред банкрот. Ќе има кратење и рестрикции. Најмногу ќе страдаат сиромашните, пензионерите, младите…
Како илустрација за алармантната состојба во која се наоѓа државата ќе набројам неколку примери:
-Градежниот сектор во Македонија стагнира, додека огромни пари се одлеаа за Бехтел и Енка а на терен се нема шајка заковано. Со тоа стагнираат над 20-тина други стопански гранки- т.е. кажи- речи целокупна трговија на градежни материјали, добавувачи и подизведувачи…
-Минатата година Министерот за земјоделиe од СДСМ Љупчо Николовски најавуваше исплата на основните субвенции за земјоделците до крајот на 2023 година. Пред нова година исплатија за полјоделски култури мал дел од субвенциите со ветување дека и другите ќе бидат исплатени во месеците што следуваат. За сточарите не беше исплатена ни основната мерка а камоли дополнителните субвенции. Дополнително се касни со исплата на субвенциите за предадено млеко, исплатата на мерки од програмата за рурален развоj касни 3 години, откупните цени за земјоделските производи не ги покриваат ни производните трошоци а каде е егзистенцијата на земјоделците…. редица проблеми кои не се решаваат! Лошата состојба со земјоделието е крајно поразителна за што говорат бројките од намалување на сточниот фонд, површините кои се обработуваат, приносите, цената на земјоделските производи кои се повеќе ги нема…. Земјоделието е стратешка гранка на државата од највисоко значење и нејзиниот колапс, значи колапс на постоењето на државата!
-Оваа 2024 година започна со паника за вработените во образовниот сектор во државата поради каснење на платите… Ловот на гласови за избори преку оваа значајна категорија на граѓани кои чекаат како просјаци часови секоја школска година, е малициозен монструм кој го распара ова наше општество!
-денес (последен ден од јануари) менаџментот на ЈП “Национални Шуми” пуштиле плата за декември 2023 година под законскиот минимум толку колку што имале пари на сметката за своите вработени. Резултатот е исплатена плата од 15.000 до 22.000 денари (нето износ) Ако не е направена оваа трансакција голем број вработени ќе останеле без своето здравствено осигурување. Пред некое време истиот тој менаџмент со тендер купувале службени џипови Дачија Дастер по цена од околу 36 илјади евра -еден, иако на слободен пазар овие возила ги има и за околу 20 илјади евра.
-Јавните претпријатија на централно и локално ниво кубурат со пари за исплата на плати, што е проблем кој се држи вештачки под тепих од страна на вработените кои се директно засегнати од овој проблем.
-во изминатите недели сведоци бевме на огромен број на огласи за вработување во јавниот сектор и тоа е добро што владата на ДУИ и СДСМ создава можжности за народот. ЛОШО Е ШТО ЌЕ НЕМА ОД КАДЕ ДА ЗЕМААТ ПЛАТА!
Ова се само неколку примери за лошата состојба во која се наоѓа државата=народот кои допреа до мене во изминатите недели кои секој обичен граѓанин ќе ги свати особено сериозно.
Ваквата состојба мора да се промени!
Не е се изгубено! Состојбата е алармантна но кај нас се покажало дека секогаш може и полошо!
Затоа политичката зрелост на народот мора да ја доживее својата трансформација во периодот кој следи.
Филозофијата “секој за себеси” не дава резултат- особено не во Македонија.
Само обединет народ зад своите приоритетни интереси со висока политичка свесност може да донесе поинаква- подобра перспектива за оваа наша толку убава и плодна Македонија!
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот