Вечерва свое опсежно интервју на ТВ АЛФА имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој што на директен начин и со многу остар вокабулар ги идентификуваше моментално најголемите акутни проблеми кои што се случуваат во Македонија, поради кои Македонските граѓани не можат “бело видело” да видат во својата секојдневна борба за преживување со власта на ДУИ и СДСМ.
На почетокот на интервјуто Николоски обзнани една добра вест што претставува еден вид победа на вистината и деократијата над лагите и репресалиите на власта во државата.
Николоски сподели со јавноста дека Апелациониот суд каде што се разгледувал случајот за запленување на партиското седиште на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што влече генеза од противуставното СЈО и прогонот на власта против сите неистомисленици, досудил во корист на партијата со што повеќе не може ваквиот притисок да се одразува на опозицијата а со тоа и на борбата за подобар живот на Македонските граѓани.
“Благодарам што дојдовте во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека има и една убава симболика… ние водиме правна битка за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Имено власта со години сакаше да го одземе, така што конечно Апелациониот суд одлучи во наша корист и еве ми е драго што тука го правиме интервјуто…”
-рече Александар Николоски на почетокот на интервјуто кога и посака добредојде на шармантната Анастасија Илиевска од ТВ АЛФА која го водеше ова интервју.
Со ваквиот расплет на настаните паднаа во вода сите притисоци и намери на СДСМ и ДУИ преку нивните продолжени раце во правосудните органи да влијаат врз политичката состојба во нивна корист со што 6 години ја уназадуваа Македонија и донесоа најголема катастрофа за Македонските граѓани во секој поглед.
Палатата Христо Татарчев конечно ќе биде вистински штаб на демократијата и победата на народот кој што преку артикулација на своите народни политики низ структурите на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да си ја поврати државата на вистински колосек.
Целото интервју со многу суштински теми и аргументи на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да го погледнете во продолжение.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“