Во екот на актуелната економска и енергетска криза менаџментот на јавното претпријатие “Солидарност” од Виница покажува напредок и позитивен тренд во својата работа.
“Почитувани сограѓани,
Домаќинското, одговорно и транспарентно работење дава резултати!
Видно од Извештајот за финансиското работење на ЈП Солидарност за првите 6 месеци оваа година, споредено со првите 6 месеци од 2021 година:
За пола година за 1,7 милиони денари се намалени трошоците за вработените ангажирани преку агенцијата за привремени вработувања.
Намалени се судските трошоци, трошоци за „донации и спонзорства“ нема, репрезентациите речиси сведени на нула…
Намалена е загубата со која работи ЈП Солидарност за повеќе 1,5 милиони денари споредено со истиот период минатата година.
Доколку расходите за електрична енергија не беа зголемени за 2 милиони денари, ЈП Солидарност ќе работеше со добивка од половина милион денари и ќе функционираше без финансиската помош од општината!

–реагираа во јавноста од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа