Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите стручни комисии по којзнае кој пат го повикаа Министерот за транспорт и врски за одговорност поради неспособноста успешно да продолжи со доизградбата на автопатот на делницата Кичево-Охрид, проект кој започна да се реализира во времето на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Поради ова одолговлекување на реализацијата на овој значаен капитален проект од опозициската ВМРО-ДПМНЕ упатија во јавност своја реакција преку социјалните мрежи чиј што текст го пренесуваме во целост во продолжение:
“А што да се очекува од неработници и мрзливи функционери на СДС ?
Мајстори за наоѓање изговори за мрзата своја и уште поголеми мајстори за анекси за зголемување на вредноста на чинењето на авопатот и пролонгирање на рокот за изведба.
Министре, автопатот сам нема да се изгради, до сега не си се фатил за работа, земи дај си оставка заедно со менторот твој Заев и гледајте од страна како ВМРО-ДПМНЕ успешно и ефикасно ќе работи на реализација на капитални проекти.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот