Предлагачите на законските измени со кои што територијата на Република Македонија би се дефинирала како една изборна единица партиите ЛДП на Павле Трајанов и ДОМ на Маја Морачанин кои се дел од владеачката коалиција добија шлаканица од Владата,
Владата дала негативно мислење за предлог законот за дефинирање на избирачки процес во државата како една територијална изборна единица со што се покажаа лажни декларативните определби на владеачката СДСМ дека ќе поддржи за идните парламентарни избори избирачки процес во една изборна единица.
На почетокот на годината дел од помалите политички партии (ЛДП и ДОМ) кои што се дел од парламентарното мнозинство изразија свои ставови дека ваков закон треба да биде донесен од оваа власт а во кулоарите на парламентот се шушкаше и за условување на опстојувањето на тенкото парламентарно мнозинство зад кое опстојува владата на Зоран Заев.
За предлог законот ќе следува парламентарна расправа со што во јавноста во целост би требало да паднат маските на актуелната власт и определбите за изгласување на овој закон.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот