септември 29, 2023

Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Пендаровски потпишал укинување на Кумановскиот пешадиски баталјон на предлог на Славјанка Петровска-Помалку војници во источна Македонија

Пренеси го гласот

“На предлог на Министерот Славјанка Петровска, врховниот командант Стево Пендаровски потпишал нова структура на АРМ. Во новата структура на АРМ, крајно (не)промислено, Пендаровски го гаси, односно го укинува постоењето на пешадискиот баталјон во Куманово.

АРМ досега имаше вкупно 4 пешадиски баталјони, а сега според стручњаците ќе има 3, од кои 2 во западниот дел од државата (Тетово и Кичево), а само 1 во источниот дел (Штип).

Според тоа, една единица помалку во источниот дел на Македонија значи дека се’ помалку млади момчиња и девојки од источниот дел од државата ќе стануваат војници.
Тоа значи и помал капацитет за одбрана во источниот дел од државата и помал капацитет за реакција на кризни состојби (земјотреси, поплави, пожари итн.)

Оваа промена во структурата на силите е нестручна, неодговорна, дури и антинационална.

Имено, според постоечките важечки документи и проекции кои се јавно достапни на интернет, јасно може да се согледа дека не постои основа за промени на структурата според желбите на Славјанка и Пендаровски.
Значи, ако нема промени во ЗАКАНИТЕ кон Македонија и нема промени на Стратегискиот Одбранбен Преглед каде што е предвидена структурата на силите, зошто тогаш се укинува најголемата единица во Куманово?

bregalnickimarketing

Зошто едниот дел на државата е привилегиран во однос на другиот дел и дали е претседател на сите граѓани, останува да одговори лично Стево Пендаровски.”

-соопштение до јавноста упатено од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот