Господе, премили Боже Кој си на небото,
ги гледаш ли макиве наши македонски,
Го слушаш ли плачот на нашиве мајки, татковци, браќа, сестри и децава нашИ, за чедата загинати за Македонија?
Со илјадници години крвариме,
раните живи на неродените чеда им ги оставаме.
Господе, Ти единствен Кој што Си на небото,
само Ти ја гледаш нашава мајка на Четири страни распната
како Синот Божји.
Каде и да појдеш, на гроб газиш и од коски се сопнуваш.
Господе, прекажи ни сега, кажи ни ја Вистината
нам и на Светот, зошто Свети Никола на сон ми дојде и ми рече:
И јас сум од земјата на љубовта и добрината и јас сум Македонец и јас проронив крвава солза во котелот на болката наша,
но вистината кај Севишниот е, прашај го Него и ќе Ти ја каже, затоа што дојдено е времето наше Македонско.
Господе, само Ти знаеш дека постојат две вистини,
но само една е Правината.
Илјадници книги по целиот Свет соседиве наши поделија,
со лажна историја и искривена вистина за Македонија.
Господе, само Ти ја знаеш нашата Правина вистинска:
кои сме, од каде сме и зошто Македонци сме…
И на Свети Апостол Павле на сон му се јави Македонец и му рече:
Дојди кај нас во Македонија и помогни ни.
И Свети Апостол Павле ја послуша молитвата и најпрво кај нас Македонците дојде.
И сега, овде, две илјади години само во Тебе веруваме и во две илјади цркви и манастири се молиме
и од вечноста Тебе Те чекаме.
Веќе и не паметам, но знам, јас Македон од Говрлево,
осум илјади години “сам со Бога сум”
и пред најголемиот Крст на Светот се молам.
Ти, Единствен Господе, премили Боже, Кој си на небото,
послушај ја молитвава наша, дојди во Армагедон, подај ни рака
и кажи ја вистината за злото и добрината,
нам и на целиот Свет,
затоа што крв во нас веќе не остана,
за Големата Мајка Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации
Апасиев: Фрлете им ја медицината на кучињата, таа и онака веќе не е за сиромашните