Осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модриц“ од Крижевци (Хрватска), со наставничката по телесно и здравствена култура, Маријана Фржовиќ, престојуваа на Пониква, Осоговски Планини.
“Убаво ни беше, поминавме една седмица, децата си играа на снегот, се санкаа, се дружеа. Сите нè дочекаа убаво, со радост и кога имавме дополнителни барања – секогаш ни ги овозможуваа. Му благодарам на градоначалникот што дојде да нè посети “
– рече Фржовиќ.
Станува збор за одржување на традиционално пријателство во чии рамки на учениците на генерацијата од средните и од основните училишта од Кочани им се овозможува летување на хрватското приморје.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември