Драги дечиња и родители,
Тргнувајќи од желбата да се намалат разликите меѓу учениците, од оваа година, Општина Штип на
секој ученик од прво до петто одделение му подарува комплет униформа – маичка и дуксер.
Почнувајќи од второто полугодие на учебната 2023/2024 година, за дечињата обезбедивме
униформи, изработени од памучни материјали и висококвалитетни бои, кои ќе можат да се носат
во текот на три годишни времиња.
Секоја наредна учебна година, Општина Штип на учениците ќе им овозможува бесплатни
униформи, затоа што децата од нашиот град заслужуваат еднаков третман и чувство на
припадност во образовните институции!
*Промотивните фотографии се направени благодарение на децата, родителите и одговорните во ООУ Гоце Делчев – Штип*
-соопштение упатено до јавноста од страна на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември