Општина Кочани и Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, во партнерство со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Тетово, Ве покануваат на презентација на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија – Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст од 11 до 15 години во Македонија.
Презентацијата ќе ги содржи и последните резултати од истражувањето спроведено во 2022 година.
Настанот ќе се одржи в петок, на 17 ноември 2023 година, со почеток во 10 ч., во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол