Кредибилитетот за намената на апликацијата за попис на Македонската дијаспора пука по сите шавови.
Порталот Република.мк јавува за спроведен тест врз интегритетот на онлајн апликацијата https://census.stat.gov.mk/ во кој што се гледа како граѓанин резидентно присутен во Скопје себеси се попишува под името Македонка НикогашСеверна и Мајмун Муртински како да е присутен во Србија т.е. Бугарија.
Иако во известувањето на апликацијата се вели дека пристапот до истата од Македонија е оневозможен, сепак со овој тест направен од граѓанин од скопје се докажува спротивното.
Исто така порталот објавува дека програмерка од Македонија на социјалните мрежи објавила дека успеала да се попише од дома, во Македонија, така што наместо со ИП адреса од Македонија, се регистрирала со ВПН со адреса од Србија.

Порталот Република објави две видеа на кои се гледа како корисник се себе-попишува од Скопје на апликацијата наменета за дијаспората т.е за Македонски граѓани кои не се наоѓаат физички во Македонија.
Ваквото ниско ниво на безбедност и недостиг на интегритет според намената на апликацијата, порталот го проблематизира во насока дека е нарушена доверливоста на самиот попис во кој што било кој поединец од било каде од светот може да се себе-попише под било кое име и тоа најмалку ќе биде статистичка операција туку предмет на политички договор на коалиционите партнери во власта.
Целата статија со видео материјалите може да ја прочитате тука.