На социјалните мрежи се појави лично сведоштво со документи и фотографии на поранешен т.н. шарен револуционер кој што обелоденува информации дека актуелната власт во државата му пресудила казна од 100 дена затвор или парична казна од 3000 евра во денарска противредност.
Станува збор за лицето Горан Белевски од Кавадарци кој што како што самиот сведочи се борел против претходниот режим во т.н. шарена револуција.
Првата фотографија е од говор за време на шарената “револуција”. Откако го срушивме режимот, дојде нов режим, многу полош од претходниот. За коментар на ФБ 3000 евра КАЗНА или 3 месеци затвор, во кој коментар ја кажувам вистината. Сталинизмот вода може да ви носе. Народот нека суде!
-пишува во својата објава Горан Белевски каде ги сподеулва фотографиите од статусот на фејсбук поради кој што е осуден, пресудата на судските власти и фотографија од него самиот како држи говор за време на т.н. Шарена револуција.
Според пресудата објавена од самиот Белевски на социјалните мрежи судот го прогласил за виновен затоа што лажно пријавил дека е сторено кривично дело преку статус на својот фејсбук профил.
Во продолжение ги пренесуваме првите две страници од пресудата
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути
Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град
Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ