БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски пред колегите од ЕПП се заложи да се забрза процесот на спроведување на првата Меѓувладина конференција на Европската Комисија

Пренеси го гласот

На онлајн Самитот на Европската Народна Партија каде што рамноправен член е ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот на партијата Христијан Мицкоски имаше свое онлајн обраќање.

Во својата комуникација на самитот тој се заложи пред европските политичари од семејството на ЕПП за што е можно побрзо спроведување на првата меѓувладина конференција на Европската комисија кога се очекува конечно да се даде зелено светло за датумот за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија.

Во продолжение го пренесуваме краткото соопштение на Христијан Мицкоски од овој Самит кој што се реализира во вакви вонредни услови под закана од заразата на Ковит-19:

“Денеска учествував на Самитот на лидери на ЕПП во чиј фокус е Западниот Балкан, од кој дел е и Македонија. Во моето онлајн обраќање му се заблагодарив на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за поддршката која ја дава за проширувањето на Унијата, но и на претседателот на ЕПП, Доналд Туск со чија поддршка е организиран овој самит со фокус на нашиот регион.

Посочив дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е спремна да ја стави Република Македонија на брзата трака за членство во Европската Унија, фокусирајќи се на клучните проблеми на државата за кои се потребни суштински решенија.
Во оваа смисла разбираме дека мора да ги завршиме домашните задачи. Ова значи справување со корупцијата на високо ниво, воспоставување функционален систем на владеење на правото, одговорност и зајакнување на нашиот политички и судски систем, така што тој ќе биде транспарентен и ќе обезбеди рамка со која се дава правна сигурност. Ова може да се постигне и следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на овие принципи.

И покрај тоа што има сериозни пропусти од актуелната власт, апелирав да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Унијата, и оценувањето на нашиот напредок да се базира на стандардите, вредностите и принципите на ЕУ.

Aпелирав да се забрза процесот на спроведување на првата Меѓувладина конференција што ќе овозможи започнување на пристапни преговори со Европската Унија.
Ние, ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да ги поставиме преговорите на брза патека врз основа на најважните стандарди, вредности и принципи на ЕУ.”

Креирано од:


Пренеси го гласот