НИЗ МОЈОТ ЏАМОГЛЕД 91
НА ПОВИДОК КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ
Во историјата е позната хитлеровата теорија за конечно решавање на еврејското прашање.Над 6 милиони евреи беа ,,решени,,,но решението не стана конечно.
Ниту семоќниот и контраверзен Тито не го реши безвизното патување на македонците во Грција, ама на несудениот наш нобеловец тоа му појде од рака.
Во 1992 г. тогашната ЕУ, која се викаше ЕЕЗ гледајќи ја кратковидоста на Глигоров (правеше платформа со Изетбеговиќ) донесе декларација ПЈРМ да си избере име во кое нема да се содржи именката Македонија. Дури 2 години по референдумот за независност Кирчо и Бранко ( Април 1993 ) до ООН поднесоа барање за прием.
Со спогодбата од Нивице и договорот за добрососедство конечно го решивме прашањето дека во Грција и Бугарија нема македонци. Позната ви е антологиската изјава на тогашниот потпарол на владата Миле Бошњаковски. За награда сега е на повисоко потпаролско место.
Следно е како конечно да се реши македонското прашање во некогашната ФМ, НРМ, СРМ, РМ. Многу едноставно. Идната влада, која ке ја состави Катица Брнзева од Калето ке ја почне постапката за мека федерализација и ново име за нашата држава, која сега преведено од англиски се вика РЕПУБЛИКА НА СЕВЕР ОД МАКЕДОНИЈА. Тоа значи опис на територија за која ке требе да најдеме име. Можни решенија се – Централна балканска република, Илирида,….
Пишува: Крум Николовски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Две дами во кадифено: Министерката Божиновска денеска се сретна со амбасадорката на САД Агелар
Просториите на ФФМ како слика за наследените состојби во сите сфери на државата
Креирање на долго очекуваните реформи во образованието заедно со младите