БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Посетата на Србија значи порака и до Бугарија: Македонците во соседните земји можат да придонесат за општото добро на регионот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Посетата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски на соседна Србија има повеќеслојно значење што е од интерес на Македонците кои живеат во соседните држави.

На настан организиран од Македонците во соседна Србија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги согледал условите во кои што живеат и работат Македонците во соедната држава но и начинот на кој што ја афирмираат македонската традиција, култура и воопшто идентитет.

Ваквата посета покрај тоа што значи подобри односи на Македонија и Србија во периодот кога што следи, но уште повеќе е порака на позитивен пример на кој начин можат да се подобруваат односите и со Бугарија и со Грција и со Албанија каде што исто така живеат Македонци по род. Соработката меѓу Македонија и било која соседна држава може успешно да се развива преку подобрување на стандардот и условите за живот на Македонците во овие држави како мост за поврзување на двете различни култури и идентитетски вредности.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес имав можност да видам Македонци во Србија, да поразговарам со нив и да заклучам дека тие како и Србите во Македонија се чесни и вредни луѓе, домаќини кои придонесуваат за земјата во која живеат, но и за земјата која е нивна татковина.

Македонија во иднина ја гледам како земја пријател, но и партнер со Србија кои ќе се борат кој повеќе ќе направи за благосостојбата на своите граѓани, бидејќи само таква здрава компетенција и натпревар може да придонесат за општото добро на регионот.”

-напиша на социјалните мрежи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот